Пејачот од Македонија ги откри плановите за финалето во Ѕвездите на Гранд – шансите за победа се големи
Ќе се изненадите и од она што го напиша за Цеца

Единствениот Македонец во финалето
Никола Станишиќ од Скопје оваа година ќе биде единствениот финалист од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој во претходните кругови настапуваше со македонски песни, а никого не остави рамнодушен во полуфиналето.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, Никола тогаш настапи на сцената со двајца тапанари, па овој настап ги крена сите во студиото на нозе.
Неговата менторка, Цеца Ражнатовиќ, беше воодушевена и по настапот силно го гушна, среќна што има ваков јунак во екипата.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој по натпреварот им се заблагодари на музичарите што дојдоа да настапат со него во полуфиналето, а потоа пред камерите на „Гранд“ откри дека во финалето покрај тапани ќе има и зурли.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
„Ќе има тапани во финалето секако, но и многу повеќе. Слушам дека тука во Србија немате зурли, тоа во Македонија го има“.
Како изгледаше овој генијален настап на Никола, погледнете тука.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, на Никола ова не му е прв пат да се натпреварува во популарното шоу, но ваков успех досега не успеал да постигне.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој е пресреќен и не крие дека е воодушевен од шоуто, но и од Цеца која прави се за своите кандидати.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Впрочем тоа може да се види и од неговите објави на Инстаграм, а под една од нив на која е со Цеца, пишува:
„Мама Цеца“, напиша Никола во описот на фотографијата.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Потсетуваме, големото финале од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи на 28 јуни, во сабота, кога 20 неверојатни кандидати ќе се борат да триумфираат во најголемото музичко шоу во регионот.
Одлуката за победникот и кој од нив ќе си го оствари сонот ја носи исклучиво публиката со своите гласови.