Пејачот Наум Петрески сподели преубава вест – му пристигнуваат честитки од сите страни (видео)
Еднаш се живее...
Песна што руши рекорди
Пејачот Наум Петрески сподели една интересна вест на својот профил на Фејсбук со која ги изненади своите бројни фанови.
Имено, тој ја сподели песната „Животе брате“ што ја снимаше со колегите од ДНК, а која се уште е голем хит во Македонија.
Покрај Наум како и Панчо и Андреј од ДНК, во песната учествува и македонскиот крал на трубите, Џамбо Агушев.
Принтскрин/ Јутуб
Спотот за оваа песна достигна до неверојатни 500.000 прегледи, а на оваа вест се радува целата екипа што стои зад проектот.
Принтскрин/ Јутуб
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, оваа балада на ДНК која е во сличен стил со нивната исто така позната песна „Ако утре ме нема“ е посветена на прерано заминатите пријатели, на две урбани скопски легенди.
Станува збор за бодибилдерот и тренерот Мирко Петровски кој ненадејно почина на 47 годишна возраст, како и за Марјан Михајловски – Маци, еден од предводниците на навивачката група на МЗТ Скопје.
Принтскрин
Па во нивно сеќавање, но и во чест на животот, Панчо и Андреј од ДНК со оваа приказна допреа до сечија душа, за што зборуваат и бројките. „Животе брате, брате да запееме, еднаш се живее“, вали оваа фантастична екипа во песната, па еве и ние ја пуштивме во нашите канцеларии по кој знае кој пат и запеавме заедно со нив, во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Еднаш се живее, нели?