Пејачот Кајмакоски се топи во нивните прегратки – ова е најголемата авантура што му се случила во животот
Пејачот се пофали со своето најголемо богатство

Блеска кога е со нив…
Познатиот поп-пејач од Македонија, Даниел Кајмакоски, е во брак со сопругата Марина Кајмакоска со која во ноември минатата година ја добија ќерката Емилија.
Тие една година претходно склучија граѓански брак, а пред точно една година направија и мала свадбена веселба.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Покрај ќерката Емилија, Кајмакоски со марина го има и синот Стефан кој овој април наполни две години.
Пејачот кој се прослави со победата во Икс фактор поприлично е активен и на социјалните мрежи, па деновиве сподели неколку семејни фотографии со кои многумина разнежни, а ги покажа и своите разиграни наследници.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Интересна фотографија сподели и неговата сакана, на која Даниел го држи сонот во рацете, а таа ќерката Емилија во кенгур.
„Херцег Нови, 361 скала. Добри сме“, напиша Марина на фотографијата.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Потсетуваме, Даниел и Марина својата ќеркичка Емилија ја добија во месец ноември минатата година.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Пејачот тогаш се огласи со преубава фотографија на која е бебенцето, но и со емотивна порака посветена на неговите принцези.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
„Емилија Кајмакоска. Значи, најголемата авантура во мојот живот започна“, напиша тогаш тој, па се обрати и до Марина:
„На мојата неверојатна жена Марина и порачувам – Навистина си херој, те сакам“, напиша тогаш популарниот пејач.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Инаку, Даниел само неколку дена претходно гостуваше во една емисија, каде отворено зборуваше за неговиот живот.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Тој неколку пати потенцираше дека семејството му е најголемо богатство, но и дека неговата сопруга и децата секогаш му се на прво место, а дури потоа следува неговата музичка кариера.
Повеќе за ова погледнете во видеото што следува…