Пејачот Кајмакоски објави прва фотографија со синот и ќеркичката – цело семејство си блеска од среќа
Пејачот им се заблагодари на сите за честитките

Пред една недела Даниел Кајмакоски се оствари по трет пат во улога на родител кога со сопругата Марина доби ќерка.
Пејачот пред неколку месеци откри дека неговата сакана е во блажена состојба и дека очекуваат женско дете, а кога деновиве ја објави и првата фотографија од бебенцето го откри и нејзиното име.
„Емилија Кајмакоска. Најголемата авантура во мојот живот започна“, напиша тогаш пејачот под фотографијата со бебето.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Даниел сега сподели и една фотографија на која се сите заедно, заедно со сопругата, бебето но и малиот Стефан.
„Девојките ни пристигнаа дома. Им се заблагодарувам на сите на преубавите честитки“, напиша Даниел во коментарот.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Потсетуваме, Марина и Даниел во јануари 2023 ги изненадија сите кога споделија фотографии од матичарот.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
По неколку месеци се роди и нивниот син Стефан, а Даниел има и син од првиот брак со Кристина Димитриевска од која се раздели во 2019 година. Тие во брак беа три години, а по разводот Кајмакоски замина во Белград, а синот Давид остана со мајката.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Неговата сопруга Марина е доктор по медицина и специјалист по анестезиологија, реаниматологија и интензивна нега.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
По неколку месеци се роди и нивниот син Стефан, а Кајмакоски сега сподели нови фотографии со него и сите ги воодушеви.