Наши ѕвезди

Пејачот Јордан Митев сподели преубава вест со која ги израдува сите – пристигнуваат честитки од сите

Познатиот пејач спрема нов хит

Advertisement

Пејачот повторно подигна прашина со својата објава

Пејачот Јордан Митев на својот профил на Фејсбук сподели вест со која ги израдува неговите бројни обожаватели.

Advertisement

Имено, Јордан откри дека наскоро ќе излезе негова нова песна, но и на кого ќе ја посвети истата, што посебно ги воодушеви сите.

Принтскрин/ Јутуб

„Почитувани пријатели и фанови. Наскоро излегува уште една моја нова песна, овој пат посветена на мојот син, и на сите македонски синови кои што ќе се раѓаат во иднина. Пред точно 20 години во овие ноемвриски денови започнав да го снимам мојот прв аудио албум кој тогаш го насловив “Македонски везови” и тогаш ги поставив темелите на мојата професионална музичка кариера. После 20 години исто така во ноемвриски денови, последната страница од мојата книга со наслов “Јордан Митев” ја испишувам со песна посветена на мојот новороден син. Очекувајте наскоро, поздрав до сите каде и да сте!“, напиша Јордан на својот профил на социјалните мрежи.

Објавата за само неколку часа собра илјадници лајкови и коментари од верните обожаватели кои нестрпливо чекаат да слушнат како ќе звучи новата песна на нивниот омилен пејач.

Принтскрин/ Јутуб

„Уште долги години да создаваш македонски песни и да го исполнуваш ова небо со новитети“, „Браво, супер. Најубавите песни ги пеете вие и се најубаво ви посакувам во иднина“, „Браво Јордан, нека ти се множат уште многу години твоите убави песни и со душа ја чекаме новата песна за твоето синче Кристијан“, беа само некои од коментарите што познатиот пејач ги доби под својата објава на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Јордан Митев

Потсетуваме, познатиот пејач Јордан Митев пред неколку недели по втор пат се оствари во улога на татко.

Фејсбук/ Јордан Митев

Тој и неговата сопруга Славица овој пат добија машко дете, кое се роди на Крстовден, по што и беше крстен Кристијан.

Фејсбук/ Јордан Митев

Интересно е и тоа што пејачот две години претходно си доби и ќерка, која по желба на сопругата ја крстија Кристина.

Јордан по нејзиното раѓање и на неа ѝ посвети песна, а како дојде до тоа и таа да се вика Кристина, откријте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button