Пејачот доби син на овој голем христијански празник – насмевката не ја трга, се радува со ќеркичката
Родителите избраа име со многу моќно значење

Нашиот познат фолк-пејач стана татко на голем христијански празник
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев на празникот Крстовден ја сподели најубавата вест и сите ги израдува.
На пејачот кој е во брак со својата сакана Славица од 2017 година му се роди син, на кого му го дада името Кристијан.
Фејсбук/ Јордан Митев
Нивната ќерка Крстина се роди пред две години, во Австралија додека Јордан беше на турнеја во оваа земја.
Пејачот сега сподели фотографија на која е со својата наследничка, па им се заблагодари на сите на преубавите честитки.
Фејсбук/ Јордан Митев
„Тагата и болката се намалуваат кога ќе бидат споделени макар со еден човек, а среќата и радоста се зголемуваат и умножуваат кога ќе бидат споделени со повеќе луѓе. Од Канада и Америка преку Европа и Македонија до Австралија и Нов Зеланд, Ви Благодарам на искрените честитки и споделената радост. Ви Благодарам за честа. Да сте здрави и живи и Бог нека ви ги услиши сите ваши желби и молитви. Поздрав до сите каде и да сте!“ напиша Јордан на својот профил на Фејсбук заблагодарувајќи им се на сите за честитките по повод раѓањето на неговиот син Кристијан.
Фејсбук/ Јордан Митев
Инаку, значењето на имињата Кристијан и Кристина се многу интересни, a потекнуваат од латинскиот збор „christianus”, и грчкиот „hristiános”, што значи христијанин, односно некој што верува во Бог.
Фејсбук/ Јордан Митев
И двете имиња се поврзани со светиот крст и Исус Христос, па се толкуваат и како дар од Бога, некој испратен од Господ.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Јордан и неговата сакана Славица Митреска на вечна љубов се заколнаа во 2017 година, по година и пол врска.
Славица е родена во Австралија и таму живееше додека не се омажи со пејачот со кого се преселија во неговото родно место.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, тие сега живеат во радовишкото село Подареш, а прв пат како родители се остварија во октомври 2023 година.
Фејсбук/ Јордан Митев
Тие ќерката ја добија по шест години брак, а Јордан во една пригода за својата нова улога како родител, ќе изјави:
„Господ ни подари прекрасна ќерка. Знаете поголемите турни кај мене се планираат најмалку 2 години однапред, така да минатата година за да не ги поместувам професионалните планови сопругата дојде со мене во Австралија и таму се породи. Назад се вративме тројца а Кристина беше 6 недели кога се вративме дома во Македонија. Уживам во родителството, тоа е едно посебно чувство посебно кога ќе го доживеете на зрели години, спремен за таа улога во животот. Апсолутно сум посветен на ќерка ми и уживам во тоа да ја гледам како ден по ден напредува и ни подарува насмевки и позитивна енергија на цело семејство“, изјави Јордан во една пригода за Гламур.
Целото интервју прочитајте го тука.