Реклама
Celebrity

Пејачот чии песни будат море од емоции на концерт во Скопје – резервирајте си го 5 април за уживање

Пеѓа Јовановиќ и неговиот „Big Concert Orchestra“ на 5-ти април во С.Ц. „Јане Сандански“.

Реклама

Пеѓа Јовановиќ, човекот кој со своите песни и настапи буди море од емоции, е дефинитивно еден од најпопуларните и најбараните пејачи на Балканот во последниве неколку години. Неговиот прв солистички концерт во Белград во ноември 2022 година означи почеток на серија успешни настапи кои го зацврстија неговото место на врвот на музичката сцена.

фото-приватна архива

Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот. Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По издавањето на албумот, следуваа осум распродадени „МТС сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи ja наклонетоста кон неговите песни на неговата публика.

Успехот на Пеѓа Јовановиќ се должи не само на неговите авторски песни кои ги растреперуваат чувствата, туку и на извонредните преработки на песни од неговите колеги, кои добиваат нов живот, поинаква димензија преку неговиот уникатен стил на изведба и интерпретација.

Маркетинг

Сега, со особено задоволство Евент продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје! Концертот ќе се одржи во сабота, 5-ти април, во С.Ц. „Јане Сандански“.

Маркетинг

Не пропуштајте ја оваа музичка вечер која ветува единствено и незаборавно доживување кое потоа долго се прераскажува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button