Пејачот Бобан Цаневски фатен со неговата колешка од популарното шоу – црногорката уживаше во Скопје
Интересна дружба...

Поранешниот победник во „Никогаш не е доцна“ од Македонија ги изненади сите со фотографијата што ја објави на Фејсбук.
Станува збор за пејачот Бобан Цаневски кој своевремено се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, но многу поголем успех постигна во шоуто за ветерани, „Никогаш не е доцна“, каде беше еден од победниците.
Бобан кој инаку по професија е професор по историја овој пат на својот профил сподели фотографија на која е со своја колешка.
Принтскрин/ Јутуб
Станува збор за шармантната пејачка Јелена Мудроња од Црна Гора, која исто така стекна симпатии во шоуто „Никогаш не е доцна“, а која работи и како фитнес тренер.
Јелена беше дојдена во Скопје на гости на Бобан, а за „Гранд“ откри дека снимиле две преработки, но и дека имале одлична дружба.
Инстаграм/ Бобан Цаневски
Таа исто така истакна и дека е воодушевена од Скопје, но и од тоа како Бобан и неговото семејство ја пречекале.
Инстаграм/ Бобан Цаневски
Потсетуваме, Бобан пред неколку години победи во „Никогаш не е доцна“ со помош на гласовите добиени преку СМС.
Тој по професија е професор по историја, додека неговата сопруга Анета, порано исто така била пејачка, а сега е професорка по македонски јазик.
Инстаграм/ Бобан Цаневски
Бобан во една пригода заедно со сопругата, но и со нивната ќерка Ивана и синот Андреј заедно ја изведоа песната „Елено ќерко“.
Како изгледаше овој нивен заеднички настап кога ова музикално семејство го воодушеви целиот Балкан, погледнете во продолжение.