Пејачот беше во брак со една од најубавите Македонки – по разводот се заљуби во докторка и пак се ожени
Еве која е новата сопруга на Кајмакоски

Напиша емотивна порака за својата сакана.
Во семејниот дом на македонската поп-ѕвезда Даниел Кајмакоски, овие денови имаше посебна причина за славење.
Имено, пејачот го прослави својот 42 роденден, па ја сподели емотивната порака што ја доби од својата сакана.
Инстаграм
„Сакан мој, биди ми здрав и среќен, радувај се, смеј се, уживај во животот, биди ми добро. И едно знај – зад тебе не имаш нас четворицата кои те обожаваме, секој пат со љубов те очекуваме и ужасно ни фалиш кога не си тука. Одвај чекам да видам што ни носи животот понатаму, Среќен роденден, старееш убаво, не грижи се“, му напиша Марина, сопругата на пејачот со која тој е во брак од јануари 2023 година.
По оваа емотивна објава, се огласи и Даниел, која сподели фотографија од нивниот дом, но и емотивна порака.
Инстаграм
„Не е случајно што те пронајдов кога го допрев дното. Беше единствената личност што ги собра сите делови и од тоа направи една преубава фотографија. Не те заслужувам. Ти се заблагодарувам што го правиш мојот живот интересен, те сакам многу“, напиша Даниел.
Инстаграм
Нова љубов, нов брак
Потсетуваме, Марина е докторка специјалист, а во брак со Кајмакоски е од јануари 2023 година кога ги изненадија сите со оваа вест.
Инстаграм
Тие минатата година во ноември ја добија ќеркичката Емилија, а неколку месеци откако склучија брак им се роди Стефан.
Инстаграм
Тој зад себе има и еден брак со 13 години помладата Кристина Димитријевска со која во 2017 година го доби синот Давид.
Кристина по разводот од Даниел се бореше со депресија, а за тоа неколку пати отворено зборуваше во медиумите.
Повеќе за ова прочитајте тука >>