Пејачот Аца Лукас во улога на Робин Худ – загрижен за Македонците, му објавува војна на Мицкоски?!
Ацe во „Паблик енеми“ филм...

Познатиот пејач изнесе нови шок детали
Големата драма што се случи со Аца Лукас кога му беше прекинат концертот во Кавадарци продолжува, пејачот откри нови детали.
Откако вчера се огласи премиерот Христијан Мицкоски и истакна дека за овој случај не треба да се обрнува многу внимание, очигледно се случува сосема спротивното, како во некое необично, но многу мрачно ријалити, само што овој пат се сé одвива во стварноста, пред наши очи.

Принтскрин/ Јутуб, АмиЏи шоу, Пинк
Елем, по прес-конференцијата на Мицкоски се огласи и фолк-пејачот заедно со неговиот менаџер и најавија дека претстојниот концерт во Скопје ќе биде од хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во Кочани.
По оваа најава следуваше уште едно огласување на познатиот пејач, кој овој пат се наврати на изјавата на нашиот премиер, во која што тој изјави дека во иднина строго и внимателно ќе го надгледуваат однесувањето на овој вид на уметници и нивните менаџери.

Фејсбук/ Аца Лукас
И како што вели Аца Лукас, од изјавата на премиерот дошол до заклучок дека во Македонија стандардот е подобар и од оној во Норвешка, штом македонската влада се занимава со менаџери и естрадни уметници, наместо да води сметка за обнова на инфраструктурата, за инфлацијата…
„Господа од владата, бидејќи планирате да посветите внимание на пејачи и менаџери, а тоа се однесува на мене, веднаш ќе ви кажам што правам. Јас пеам и ги забавувам луѓето и тие ме сакаат и се забавуваме феноменално, меѓутоа, проблемот е што со луѓе како вас, не можете целосно да ги забавувате тие луѓе затоа што се среќни додека нè слушаат, а кога ќе си одат дома, целосно ги растажувате со вашите постапки, вашите приватни војни и лично богатење. Сите добро знаат дека таа ноќ бев уапсен поради приватната војна на секретарот на вашата влада. Ете луѓе, гледате за кого гласавте, ужасно, јас ќе дојдам, ќе свирам и ќе видам кога ќе обрнете внимание што ќе видите и ќе заклучите што правел Аца Лукас, наместо да обрнувате внимание на тоа како живее вашиот народ“ вели пејачот во неговата изјава.

Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, настапот беше прекинат затоа што според официјалните изјави на нашите служби, имало низа неправилности, а во врска со тоа се огласи и градоначалникот на Кочани, Митко Јанчев.
Тој потенцираше дека не смее да се дозволи „сценариото Кочани“ да се повтори и дека безбедноста треба да е на прво место.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



