Наши ѕвездиНовости

Пејачот Аца Лукас по скандалот најави голем хуманитарен концерт во Скопје – сите пари ќе одат за Кочани

Целиот приход од концертот ќе биде за семејствата на настраданите во Кочани, најави менаџерот...

Advertisement

Не стивнуваат реакциите во врска со скандалот што се случи на настапот на српската фолк-ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци

Откако на познатиот фолк-пејач Аца Лукас му беше прекинат концертот во Кавадарци и беше приведен од страна на полицијата, а потоа му беше изречена казна од судот за немање дозвола за работа, денес се огласи и премиерот на Македонија, Христијан Мицковски.

Advertisement

Премиерот на прес-конференција за медиумите истакна дека за овој случај не треба да се обрнува многу внимание.

Принтскрин/ Јутуб, Лазаров подкаст

„Законите се јасни, правилата се јасни, сите мора да ги почитуваат“, изјави тој, па додаде и дека строго и внимателно ќе го следат однесувањето на овој вид на забавни уметници и нивни менаџери.

Потсетуваме, настапот беше прекинат затоа што според официјалните изјави на напите служби, имало низа неправилности, а во врска со тоа се огласи и градоначалникот на Кочани, Митко Јанчев.

Принтскрин/ Фејсбук, А. Лукас

Тој потенцираше дека не смее да се дозволи „сценариото Кочани“ да се повтори и дека безбедноста треба да е на прво место.

Во текот на денот се огласи и менаџерот на Аца Лукас, Саша Мирковиќ, заедно со пејачот, а открија и детали во врска со најавениот концерт на Лукас за 20 декември, кој треба да се одржи во салата Јане Сандански.

Најпрво Аца Лукас се огласи со видео снимка по апсењето и потенцираше дека нема намера во блиска иднина да настапува во Македонија бидејќи тука не се чувствува безбедно (види тука), па многумина се прашуваа што ќе се случува со најавениот концерт „Кафанска ноќ“ за 20 декември.

Во најновото видео менаџерот на пејачот откри дека најавениот концерт ќе биде од хуманитарен карактер за семејствата на настраданите во Кочани. Покрај Лукас, на концертот ќе настапат и Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ, и сите собрани средства од продадените влезници, односно комплетниот приход ќе биде наменет за добротворни цели.

Принтскрин/ Фејсбук, А. Лукас

Тие потенцираа и дека трошокот ќе биде платен од нивна страна, така што сите пари од билетите ќе одат за донација.

Видеото погледнете го во продолжение:

@sasamirkovicofficial

Kao što smo i obećali, kompletan prihod na predstojećem koncertu u “Jane Sandanski” doniraćemo porodicama stradalih u Kočanima! @ACA LUKAS #sasamirkovic #acalukas #makedonija

♬ original sound – Saša Mirković

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button