Новости

Пејачката во шок кога виде дека горат прскалките – веднаш реагираше, цел Балкан зборува за ова видео

На нејзиниот настап во Загреб запалија пиротехника, пејачката веднаш реагираше

Advertisement

Пејачката Барбара Бобак вчера имаше настап во Загреб, но во еден момент направи реакција што никој не ја очекуваше.

Имено, познатата српска пејачка со својот енергичен настап направи забава за паметење, но кога се запалија прскалките пред сцената, таа веднаш реагираше и измеѓу стиховите од песната изусти до техничарите веднаш да ги изгаснат истите.

Advertisement

„Гаси го ова“, се слушна како Барбара викна во микрофонот.

Инстаграм/ Барбара Бобак

Имено, младата пејачка не сакаше на нејзиниот настап да горат прскалки и на овој начин да ги стави во опасност сите присутни.

Advertisement

Инстаграм/ Барбара Бобак

Оваа нејзина реакција ги потсети сите на трагедијата што се случи неодамна во нашата земја кога во пожарот во дискотеката во Кочани настрадаа најмалку 59 лица, додека преку 200 лица беа повредени, од кои поголем дел се се уште по болници.

Во несреќата загинаа и осум членови на групата ДНК меѓу кои и пејачот Андреј, додека Владимир Блажев Панчо се уште е во болница.

Барбара беше потресена од несреќата, а со оваа своја реакција покажа дека сите треба да бидат одговорни за да се обезбеди максимална сигурност на сите што присуствуваат на забавата, посебно кога станува збор за затворени простории.

Инстаграм/ Барбара Бобак

Инстаграм/ Барбара Бобак

Инстаграм/ Барбара Бобак

Инстаграм/ Барбара Бобак

Инстаграм/ Барбара Бобак

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button