Пејачката Теа Таировиќ прв пат за своето ромско потекло – поткастот на Лазаров потворно главна тема
Целиот Балкан зборува за гостувањето на пејачката Теа Таировиќ кај Стефан Лазаров
Пејачката Теа Таировиќ деновиве ја посети Македонија, а во Скопје одржа прес-конференција за својот концерт.
Таа се појави и во поткастот кај Стефан Лазаров, а еден детаљ што го откри во оваа пригода ги изненади сите.
„Можам да се пофалам дека имам едно богатство во својата крв што се однесува до мојата етничка припадност“.
„Мојот тако има одреден процент на ромско потекло и дефинитивно тоа му го дава богатството во неговиот талент, па потоа и во мојот. Оваа година во јануари бев на ‘Светскиот ромски бал’ и беше преубаво“, откри познатата пејачка и ги изненади сите.
Принтскрин/ Јутјуб, С. Лазаров
Имено, таа откри дека во себе носи и ромска крв, кој што ја наследила од својот татко кој е доктор по науки.
Потсетуваме, таткото на Теа, Зоран Таировиќ е познат академски сликар, а се занимава и со компонирање и режија, а е и доктор на науки. Неговиот докторат беше на тема „Симболика на ликовната уметност на Ромите и европскиот систем на културни вредности, и со овој свој труд покажа дека етничкото потекло не е пресудно за стекнување знаење и обликување на човекот, пишува во неговата биографија, објави во една пригода „Пулсонлајн“.
Од друга страна мајката на Теа, Божица Малевиќ, со години беше позната водителка и Теа е посебно поврзана со неа.