Пејачката со македонски корени распали по колегите – ПРОДАВАШЕ на тезги, а денес вози ферари
Ова не можеше да го премолчи...

Важи за една од најбогатите пејачки на Балканот, а својата кариера ја започна со помош на Саша Попови и „Ѕвездите на Гранд“
Познатата пејачка Надица Адемов ги изненади сите со својата музичка трилогија што ја објави непосредно пред летото.
Таа гостуваше во емисијата „Ин3гантно“ на К1 телевизија каде зборуваше за новите песни, но и за Саша Поповиќ.
Инстаграм/ Надица Адемов
И на прашањето за оние колеги што сега, по смртта на првиот човек на „Гранд“ продукција зборуваат лошо за него, а со кого Надица соработуваше, познатата пејачка не штедеше зборови.
„Таквите луѓе ни би ги коментирала. Не ги сметам за човечки битија. Зошто тоа не го кажаа додека беше жив? И да му кажат: Ти тоа и тоа го направи. Ти си ваков и онаков. Да му го кажат тоа во лице, а не сега кога човекот, за жал, повеќе не е меѓу нас. Мислам дека бев јасна“, изјави таа во естрадната емисија на К1 телевизија.
Инстаграм/ Надица Адемов
Надица потоа додаде и дека без него не би постоеле и тие.
„Тоа е нешто што ќе го зборувам цел живот. Тоа е вистината. Јас со него имав многу убави моменти. Океј, имаше неколку ситуации, но со моја вина, каде задоцнив на некое снимање, тој ќе ме скараше“, зборуваше искрено популарната фолк-пејачка.
Инстаграм/ Надица Адемов
Потсетуваме, Надица Адемов по потекло е од Македонија, но како мала заедно со родителите се село во Србија.
Инстаграм/ Надица Адемов
Таа својата музичка кариера ја започна во „Ѕвездите на Гранд“, а како мала била сиромашна и продавала на тезга.
Но Надица денес важи за една од најбогатите пејачки на Балканот, а неодамна беше фатена од папараците како со сопругот и нивното Ферари од преку 300.000 евра се паркира во Монте Карло.
Инстаграм/ Надица Адемов
Таа тогаш беше снимена пред Хотел де Парис Монте Карло, местото каде се собираат најбогатите луѓе од цел свет.
Како изгледа луксузниот автомобил на Надица, погледнете тука.