Пејачката како да ѝ е сестра на својата ќерка – исплива фотографијата со Анета, сите ги изненади (фото)
Повеќе изгледаат како сестри или другарки отколку како мајка и ќерка

Шармантната Анета Љумаковска важи за една од омилените и најдобрите фолк-пејачки во Македонија, а малкумина знаат дека таа се има појавено и како глумица во неколку македонски филмови.
Со музиката е од својата младост, па во текот на својата кариера има направено бројни трансформации и сме ја виделе во најразлични изданија. Но познатата пејачка и денес знае да ги изненади своите верни обожаватели со промените што ги прави кога е нејзиниот имиџ во прашање, посебно кога ќе се среди од глава до пети, па сите и порачуваат дека изгледа одлично.
Таа е позната и по тоа што има близок однос со својата ќерка Моника која веќе некое време живее во Германија.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И од нејзините објави, но и од оние на нејзината наследничка, може да видиме дека тие навистина се мошне блиски, но и дека многу личат, а некои дури коментираат и дека изгледаат како сестри.
И навистина, Анета со својот нов младешки изглед, но и со другарски однос кон својата ќерка, ги изненади сите кога неодамна сподели една заедничка фотографија со Моника.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа тогаш го покажа овој прекрасен момент што го поминала со неа и откри како тие уживаат заедно.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тие на фотографијата и двете се насмеани, а она што сите го забележаа веднаш е дека изгледа како да и е постара сестра.
Позираа една покрај друга, со речиси иста нијанса на коса и идентична насмевка, а ако судиме од овие фотографии што често ги објавуваат, тие и двете уживаат во секој момент што ќе го поминат заедно.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И бидејќи Анета ја знаеме како некој што нема проблем во јавноста да се појави и без грам шминка на своето лице, но и во максимално опуштено издание, мора да признаеме дека на фотографите на кои е со својата наследничка секогаш изгледа расположено и среќно, а нејзината насмевка воедно е и нејзиниот најдобар стајлинг.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
А за тоа зборуваат и бројните коментари и комплименти што Анета ќе ги добие под секоја своја објава на социјалните мрежи.
Некои од овие објави погледнете во продолжение…