Пејачката ја покажа интимната атмосфера во својот дом – детаљот на масата ги изненади нејзините фанови
Анета се огласи од својата оаза на мирот, но еден детаљ го предизвика љубопитството кај нејзините следбеници

Пејачката го покажа својот дом за празниците
Анета Љумаковска која во Македонија важи за една од најдобрите фолк-пејачки го искористи празниците малку и да одмори.
Таа постојано настапува, а сега покажа како го уредила својот дом во празнична, но и со еден детаљ ги изненади сите.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Од фотографијата може да видиме како изгледа нејзиниот дневен престој, кој пејачката го средила во модерен стил.
Тука е стаклената маса со дрвени ногари како и убавата фотелја, потоа полици на кои има бројни фотографии и икони, како и романтично осветлување кое на целиот простор му дава посебна топлина.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Со кого пејачката го помина празникот?
Ова сето може да го видиме на фотографијата, но она што сите го забележаа е дека пејачката во оваа интимна атмосфера нема да биде сама, односно дека на нејзината стаклена маса има прибор за двајца.
Покрај приборот, на масата имаше и две полни вински чаши, но и украсни свеќи кои беа запалени и само ја поттикнаа љубопитноста.
Но Анета не сакаше да открие со кого уживала вака празнично, иако пред само неколку дена покажа кој и прави друштво.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Во прашање е нејзиниот папагал кој пејачката неодамна прв пат го покажа, а сега се гледа и неговиот голем кафез.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Повеќе фотографии од домот на Анета во продолжение…