НовостиОпа!

Пејачката и во осмата деценија има тело за пофалби – колешките можат само да и завидуваат

Наскоро треба да наполни 75 години

Advertisement

Неверојатна жена

Неда Украден (74) и ова лето реши да ги изненади своите верни следбеници на социјалните мрежи со летни фотографии.

Advertisement

Имено, пејачката повторно го покажа своето тело на кое и многу помлади колешки можат само да и завидуваат.

Таа и пред само неколку дена во слично издание најави неколку свои концерти, а сега најави дека ја отвора новата сезона.

Advertisement

Пејачката овој пат се фотографираше пред базенот во својот дом кој го направи како за себе, така и за семејството.

Ова сега е нивниот мал рај, а Неда скокна во својот омилен розов костим за капење и позираше во занесно издание.

На главата носеше голем розов шешир и тренди очила за сонце, па покажа дека и во осмата деценија изгледа одлично.

„Ја отвораме сезоната“, напиша пејачката во описот на фотографијата, а како изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение:

Потсетуваме, Неда и пред само неколку дена покажа дека во вакво издание се уште изгледа брутално и освои бројни комплименти.

Таа тогаш позираше во дводелен костим за капење и го покажа и својот рамен стомак, а како изгледаше, потсетете се тука.

Во продолжение погледнете уште неколку вакви изанија на Неда…

Кој од овие костими и стои најубаво на пејачката?

Инаку, пејачката има луксузна куќа на Хрватското крајбрежје, а како изгледа ова нејзино рајско место, откријте тука.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button