Наши ѕвезди

Пејачката ги покажа сопругот и синовите – наследникот поголем и од мама и од тато, ќе се изненадите

Тие имаа посебна причина за славење и тоа на едно мошне романтично место

Advertisement

Ова беше посебен ден за пејачката

Нашата позната пејачка Андријана Јаневска (43), сподели преубава вест на својот профил на социјалните мрежи.

Advertisement

Имено, Андријана пред само неколку дена објави неколку фотографии од нејзиниот одмор во Барселона.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Таа најпрво позираше на плажа, во костим за капење преку кој носеше бел летен фустан, за што доби дузина комплименти.

Advertisement

Но само еден ден подоцна, Андријана сподели и една стара фотографија на која е со својот сакан, а потоа и една заедничка, но од сегашно време, а на која се и нивните синови Кристијан и Димитар.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Пред 15 години и денес, напиша познатата пејачка во описот на фотографиите што ги сподели на својот Фејсбук.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Имено, пејачката на овој начин му ја честиташе годишнината од бракот на својот сопруг, Драган Гиновски – Гино (58).

Како што самата пејачка во една пригода објави, тие во јуни месец пред 15 години се венчале во црквата Св. Димитрија.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Потсетуваме, пејачката и гитаристот се во брак од 2009 година, а круна на нивната љубов се синовите Димитар и Кристијан.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Пејачката по раѓањето на децата му се посвети семејството, но истовремено и не ја запостави својата музичка кариера.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Таа во изминатиов период нижеше успеси како на деловен, така и на приватен план, уживајќи во мајчинството и брачниот живот.

Како Андријана го запознала својот сакан, откријте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button