Наши ѕвезди

Нашата дива ги изненади сите со она што го направи за поранешниот – ваква љубов нема ни во филмовите

Тие се заедно од 1984 година...

Advertisement

Пејачката имаше само 16 години кога прв пат го сретна, а и денес е во одличен однос со него и се уште му е најголема муза.

Калиопи Букле овие денови ги разнежи своите бројни обожаватели кога преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот поранешен сопруг Ромео Грил, со кого и денес соработува.

Advertisement

Македонската дива со раскошен глас со него ја започна својата кариера, а по разводот, кога требаше да оди на Евровизија, повторно се здружија и продолжија професионално да соработуваат.

Инстаграм/ Калиопи

Тие и денес се мошне блиски, но сега како колеги и пријатели, а Калиопи е во одличен однос и со неговата сопруга.

Advertisement

Тие соработуваа задно на нејзиниот последен албум, но и на песната за Евровизија со која Калиопи постигна неверојатен успех.

Инстаграм/ Калиопи

И како што самата досега многу пати изјавила, Ромео е автор кого таа го запознала кога имала само 16 години.

Таа со него пораснала, а се започнало кога случајно ја прашал дали сака да биде ѕвезда, воодушевен од нејзиното позитивно лудило. Нивната соработка започнува од тогаш и трае и до ден-денес, а резултатот се нивните големи хитови, меѓу кои и најголемиот на сите времиња – Бато.

„Среќа за пејач е кога им свој автор што го познава. Тој толку работи можe да каже во мое има, а јас на тоа не би се ни сетила“, изјави во една пригода македонската поп дива за својот поранешен сопруг.

Таа и сега ги изненади сите со нејзината преубава порака со која на својот најдобар композитор му го честиташе роденденот.

Таа сподели и едно видео направено од колаж од стари фотографии и снимки, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi😍❤️ (@kaliopi_zasekogas)

Потсетуваме, Калиопи и Ромео живееја заедно во Швајцарија до 1996 година, од овој брак го имаат синот Пако.

Инстаграм/ Калиопи

По разводот Калиопи се враќа во Македонија, а по неколку години повторно ќе почне соработка со својот поранешен сопруг.

Инстаграм/ Калиопи

И како што вели самата, таа Ромео го запознала во 1984 година и оттогаш започнува нејзината југословенска кариера.

„Постојат два музички почетоци. Едниот уште како дете, во 1976 год, кога пеев на фестивалот ‘Златно славејче’, момент кој понатаму го одредува мојот едукативен музички развој и вториот, во 1984 год. , кога го запознав Ромео Грил, со кој започнува мојата југословенска поп-рок музичка кариера и го одредува мојот животен пат“, изјави Калиопи во една пригода за Гламур магазин.

Инстаграм/ Калиопи

„Ние работиме континуирано, без престан. Секогаш идеите, верувањата и желбата, се тие кои ни го трасираат патот до студиото. Кога имаме што да си кажеме еден на друг (музички), знаеме дека сме спремни истото да го споделиме и со другите. За овој албум имавме мотив плус – нашата годишнина од почетокот на оваа вредна соработка, која трае долги 40 лета“, сподели Калиопи во една пригода за Гламур.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button