Пејачката Анета ужива на плажа со ќерката, ова веднаш го забележаа сите – еве како си ги полни батериите
Никој не верува дека се мајка и ќерка

Порасна во вистинска убавица, потполно е природна…
Нашата позната пејачка Анета Љумаковска неодамна ги изненади сите со една фотографија на која е со својата ќерка
Тогаш многумина заклучија дека тие двете мошне личат, посебно откако и пејачката стана црвенокоса, па сега имаат и слична нијанса, а наследничката на пејачката има и слични црти на лицето.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Ова може да се заклучи и од последната заедничка фотографија што најпрво ја има објавено ќерката на Анета, Моника.
Станува збор за фотографија направена на плажа, која и пеачката ја сподели и ги почести своите бројни обожаватели.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Она што сите го забележаа веднаш е дека нејзината наследничка е една убава млада дама, со природен шарм, без никакви корекции.
Следуваа бројни комплименти, а како тие изгледаа во ова издание, погледнете од фотографијата во продолжение…
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Погледнете ги и останатите фотографии на Анета и нејзината ќерка која веќе неколку години живее во Германија.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета важи за еден од најдобрите женски вокали во Македонија која може сé да отпее со леснотија, од фолк до поп нумери, а за нејзиниот глас велат дека милува душа.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа повеќе од две децении е на нашата музичка сцена, а во една пригода откри дека никогаш не земала ниту еден час по пеење.
„Ова што го поседувам е дар од Бога. Никогаш не сум посетувала часови по пеење, се е само многу слушање секаква музика, меѓутоа, морам да бидам искрена, за да се слуша се треба да те привлекува музиката. Најважно е да се има желба пред сé, а јас имав желба да слушам секаква музика и да можам да отпеам сé“, откри Анета за Гламур, додавајќи дека талентот го наследила од родителите, а најмногу од нејзиниот татко на кого секогаш ќе се сеќава со гордост.
Целото интервју со Анета прочитајте го тука….