Наши ѕвезди

Пејачката Анета сподели среќна вест и ги израдува сите – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)

Прво откри дека е вљубена како никогаш досега, па сите ги изненади со уште една преубава вест

Advertisement

Пејачката ги воодушеви сите со својот стајлинг

Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска во последно време е поприлично активна и на социјалните мрежи.

Advertisement

Таа речиси секојдневно споделува снимки од своите настапи, а како една од омилените пејачки, овие нејзини објави секогаш привлекуваат големо внимание кај нејзините бројни обожаватели.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Таа често знае да ги изненади сите и со своите модни приказни, за кои секогаш добива бројни позитивни коментари.

Advertisement

Така беше и овој пат кога Анета го покажа своето издание со кое се појави на гостувањето во еден медиум од соседството.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

И кога ги објави овие фотографии, многумина останаа без здив од нејзиниот шарм, но и беа среќни заради нејзиниот успех.

“Голема чест беше што бев гостин на Радио Телевизија Србија токму во година кога одбележувате 90 години постоење. Во овие девет децении вие не само што информиравте, туку и градевте мостови меѓу луѓето и културите. Ви благодарам за можноста да ја претставам Македонската песна пред вашата публика. Ви честитам на овој голем јубилеј и ви посакувам уште многу години успех и верна публика“ напиша Анета во својата објава, по што следуваа бројни честитки, но и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Пејачката за оваа пригода носеше кусо здолниште во виолетова боја и блуска со широки ракави во слична нијанса, а целото издание го заокружи со чевли со високи потпетици во боја на пудра.

И додека кусиот долен дел ги истакна во преден план нејзините нозе, карминот исто така беше во фокусот, како и нејзината шик фризура и боја на коса заради кои Анета и овој пат заблеска во сиот свој сјај.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, Анета пред само неколку дена прв пат по разводот откри дека во нејзиниот живот има промена и на љубовен план.

Таа го откри и момчето, а што изјави за него и дали Анета навистина повторно е вљубена, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button