Наши ѕвезди

Пејачката Анета Љумаковска со саканиот, еден детаљ ги изненади сите – не сте ги виделе во вакво издание

Пејачката покажа и едно интересно есенско издание

Advertisement

Пејачката ги изненади сите со својот моден избор

Познатата пејачка Анета Љумаковска со своето најново есенско издание ги воодушеви своите бројни обожаватели.

Advertisement

Таа овој пат избра кожен мантил што го носеше со кусо кожно здолниште и шик црни чизмички со високи потпетици.

Инстаграм Анета Љумаковска

Но она што исто така веднаш привлече внимание е и тоа што Анета не позираше сама, туку со своето ново момче.

Advertisement

Насмеана и никогаш посреќна, таа блескаше во ова свое издание што го заокружи со бела кошула и црн ремен.

Инстаграм Анета Љумаковска

Интересно беше облечен и нејзиниот партнер, Рубин Размо, кој носеше сиви фармерки и кожна јакна, но во кафеава нијанса.

И двајцата изгледаа урбано и елегантно, но и вљубено, а Анета без претерана шминка и со коса врзана во ноншалантна опашка, уште еднаш ја потврди вистината што сите многу добро ја знаеме.

Инстаграм Анета Љумаковска

А тоа е дека вистинската убавина на секоја жена се крие во деталите, а еден од најважните е секако оној поврзан со љубовта.

Инстаграм Анета Љумаковска

Потсетуваме, пејачката деновиве задно со својата екипа замина на патување во Рим каде го снимаат нејзиниот нов спот.

Станува збор за новата песна на Анета, „Жена“, за која текстот го напиша нејзината пријателка и позната водителка Анита Даева, додека музиката и аранжманот ги потпишува Дејан Моморивск од ХЛ Студио.

Инстаграм Анета Љумаковска

Пејачката не го криеше задоволството од сработеното и им се заблагодари на сите преку социјалните мрежи, а откри и неколку детали од снимањето на спотот во Вечниот град Рим, кои може да ги видите тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button