Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Анета Љумаковска со ПОТРЕСНИ ЗБОРОВИ се збогуваше од човекот што сите го почитуваа

Потресни зборови на нашите музичари кои се збогуваат со естрадниот балкански маг Саша Поповиќ

Реклама

Веста дека Саша Поповиќ почина беше шок за многу пејачи од регионот, но и за бројни колеги со кои тој соработуваше.

Поповиќ имаше успешна кариера повеќе од четири децении, а во текот на овие годинни соработуваше со бројни музичари и пејачи, а на многу од нив им помогна во кариерата.

Тоа првенствено се однесува на сите оние што својата музичка кариера ја започнаа во „Ѕвездите на Гранд“, еден од најуспешните проекти на Поповиќ со кои тој ја испиша историјата на балканските телевизии, но и на популарната музика воопшто.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од Поповиќ се збогуваа и македонските Гранд ѕвезди (види тука), но и бројни музичари што го познаваа.

Маркетинг

Една од нив е и една од нашите најпознати пејачки Анета Љумаковска која сподели една заедничка фотографија со него.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Почивај во мир, легендо! Чест ми беше што те познавав“, напиша Анета која пред десетина и повеќе години имаше понуда да соработува со „Гранд“, но нашата пејачка тогаш ја одби оваа примамлива понуда (види тука).

Од нејзината порака може да видиме дека и таа веста за неговата смрт ја прими тешко, а преку социјалните мрежи од Поповиќ со тажна порака се збогуваше и Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Саша Поповиќ беше мојот прв продуцент во Србија, за Гранд ја издадов Калигула, имавме заеднички златни естрадни денови, од гостувања во Гранд до концерти. Саша беше еден и незаменлив шоу-бизнис мајстор. Драг Сале, почивај во мир, најдлабоко сочувство до семејството. Слава му“, напиша Боки под црно-белата фотографија што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Саша Поповиќ почина во болница во Париз каде веќе некое време се лекуваше од тешка болест.

Инстаграм/ Сузана Поповиќ

Тој болеста случајно ја откри, во мај месец минатата година кога ја повреди ногата, а повеќе за ова, прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button