Пејачката Анета Љумаковска со емотивни зборови за најголемата љубов во нејзиниот живот (фото)
Пејачката сподели преубава вест, добива честитки од сите страни

Ќерката на Анета славеше роденден
Познатата пејачка преку социјалните мрежи и го честиташе роденденот на својата наследничка со емотивни зборови.
Ќерката на Анета Љумаковска, Моника, која што ја има од бракот со Џими Мицевски, наполни 23 години.
Познатата пејачка се огласи по тој повод на својот Инстаграм профил каде сподели и нивна заедничка фотографија.

Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Среќен 23 роденден моја најмила. Годините летаат, но за мене секогаш ќе бидеш моето мало лудо што ми го осветли животот. Горда сум на жената во која што порасна – силна, убава и полна со живот. 23 години љубов, грдост и среќа што се викаш моја ќерка, те сакам бескрајно“, напиша Анета на фотографијата што ја објави на социјалните мрежи, а на која е заедно со својата наследничка.
Потсетуваме, Анета својата ќерка ја доби од бракот со својот поранешен сопруг Џими Мицевски, од кого се разведе пред 2 години.

Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тие повеќе од две децении беа во брак и беа заедно дел од групата Молика, а по разводот секој од нив продолжи по својот пат.
Пејачката моментално е актуелна и со својата најнова песна „Жена“, со која пејачката ги изненади сите, но посебно претставничките на понежниот пол. Станува збор за балада за која Анета сними и спот во Рим, а која е полна со емоции и е посветена на сите жени.

Инстаграм/ Анета Љумаковска
Оттаму песната носи и силна порака за женската нежност, но истовремено и сила, чувствителност и истрајност.
Пејачката ја сними по тешкиот период низ кој што помина по разводот, но и по веста дека повторно е вљубена.
Како звучи Анета во ова свое ново издание, слушнете во продолжение:



