Пејачката Анета конечно откри со кого ужива во својот раскошен дом – не сте ја виделе вака насмеана
Пејачката со оваа глетка предизвика лавина од реакции
Познатата пејачка ужива со својата наследничка
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии со кои сите ги воодушеви.
Имено, Анета покажа како ужива со својата ќерка Моника, а позираа под големата новогодишна елка во домот на пејачката.
Нејзината ќерка коа веќе некое време живее во Германија, реши да ги искористи празничните денови и дојде да ја посети својата мајка.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тие и двете беа облечени во пижами со ист кариран дезен кој потполно се вклопи во празничната атмосфера во домот.
Позираа седнати на подот, насмеани и со чаша вино, а фотографиите еднаш привлекоа голем број лајкови и коментари.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета Љумаковска својата ќерка Моника е мошне поврзана иако тие веќе неколку години не живеат задно.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Мони очигледно и беше и голема поддршка на Анета и додека таа минуваше низ тешкиот период, а во една пригода за неа ќе открие:
„Можам да се пофалам како и секоја мајка дека имам прекрасна ќерка со која се гордеам максимално и која ме поддржува , но јас нејзе воопшто не ја инволвирам во ова, бидејќи таа си има свој живот далеку од дома. Доволно е возрасна и има свои обврски и проблеми така што нема потреба да ја оптоварувам со мојот живот“, изјави во една пригода Анета во интервју за Гламур магазин, а на прашањето дали Моника има афинетите кон музиката, нејзината мајка вели:
„Никогаш не покажала дека сака да оди по моите стапки и до некаде сум среќна поради тоа бидејќи и таа би се соочувала со слични ситуации, а е многу поизбувлива и понервозна од мене (се смее). И би се скарала со секој што ќе зборува невистини за неа. Не! Не е таа за оваа професија“, одговори Анета со насмевка за Гламур.