Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Андријана Јаневска во шок кога ги виде овие фотографии – веднаш се огласи, ова е монтажа!

Повторно наша ѕвезда искористена во голема интернет превара што се шири на социјалните мрежи

Реклама

Пејачката разоткри уште една интернет измама

Нашата позната пејачка Андрија Јаневска беше приморана да се обрати и да реагира на социјалните мрежи заради една лажна реклама што се шири на интернетот, а во која е злоупотребен нејзиниот лик.

Имено, во рекламата покрај нејзините фотографии има и интервју во кое наводно пејачката зборува за медиумите и ја открива тајната на нејзиниот изглед. Фотографиите се споделуваат со наслов: „Изгледам како 20 годишна, иако имам 43. Со овој лесен домашен рецепт ми ги снема брчките“, пишува во објавата.

Маркетинг

Пејачката реагираше веднаш и побара од своите следбеници да го пријават овој лажен профил бидејќи таа не рекламирала никакви креми, ниту пак давала интервјуа, а се пошегува и со самата фотографија.

Маркетинг
Принтскрин/ Инстаграм

„Инаку, јака им е монтажата со компирот“, напиша Јаневска.

Принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, вакви ситуации не се реткост, а јавни личности често стануваат жртви на лажни реклами за разни производи.

Понекогаш овие реклами се и крајно морбидни, па шират лажни вести за лоша здравствена состојба на одредена личност, а со слична ситуација неодамна се соочи и колешката на Андријана, Калиопи Букле.

Принтскрин/ Инстаграм

Сето ова секако преставува сериозен проблем во современата медиумска култура, а со истиот се соочуваат и светските ѕвезди.

Принтскрин/ Инстаграм

Па така познат е случајот кога една жена беше измамена од лице кое се претставувало како Бред Пит.

Станува збор за Французинка која верувала дека е во романтична врска со Бред, а од која измамниците користејќи вештачка интелигенција успеале да и земат 830.000 евра кои наводно му требале на познатиот актер за лекување. Вакви измами не се страни и за нашиот простор, па така пред неколку години и пејачката Илда Шаулиќ, наследничката на Шабан Шаулиќ, беше жртва на вакви измамници.

Имено, тогаш непознато лице се преставувало во нејзино име на социјалните мрежи и од фановите барал пари зборувајќи дека е во неволја и дека итно му е потребна парична помош.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button