Пејачката Андријана Јаневска со преубава вест – е ова е романтика, блеска покрај својот сакан сопруг
Пејачката сподели заедничка фотографија со својот сакан и откри за што станува збор...
Ова беше важен ден за пејачката и за нејзиниот партнер
Непосредно пред Нова година, пејачката Андријана Јаневска и нејзиниот партнер Драган Гиновски – Гино имаа причина за славење.
Имено, тие прославија годишнина од бракот, а пејачката на својот профил на Фејсбук сподели заедничка фотографија.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
„Јубилејна 15ка со кромид“, напиша Андријана во описот на фотографијата на која е со својот партнер и на која и двајцата блескаат.
Маркетинг
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, Андријана и Гино се во брак од 2009 година, а круна на нивната љубов се нивните две деца, Димитар и Кристијан.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Пејачката на која оваа година и беше посебно успешна и која неодамна стана и доктор на науки, во една пригода, во интервју за Гламур магазин (ПОВЕЌЕ ЗА ОВА ТУКА) откри како се запознале со саканиот и кој е нејзиниот рецепт за успешен брак.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
„Се запознавме во бифето на Македонската опера и балет, а ме освои со неговата смисла за хумор, интелект и продуховеност. За успешен брак неопходна е почитта и сознанието дека секоја личност е различна, со различни ставови, погледи и потреби. Кога тоа ќе се сфати, кога наместо љубомора ќе постои поддршка, нема нешто што нема да можете да го постигнете“, откри Андријана неодамна за Гламур магазин.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Целото итервју со Андријана прочитајте го тука >>.