Наши ѕвезди

Пејачката Андријана Јаневска ги изненади сите со своите велигденски јајца – еве каква мама е познатата дама

„Моите јајца за овој Велигден. За многу години!“ напиша пејачката во описот на фотографијата...

Advertisement

Пејачката Андријана Јаневска сподели една фотографија со која ги покажа своите велигденски јајца и ги воодушеви сите.

Таа сподели една фотографија со коа покажа дека јајцата ги направила со многу љубов и внимание, а сé со цел да ги израдува своите најмили, па следуваа многу пофалби за нејзината креативност.

Advertisement

„Моите јајца за овој Велигден. За многу години!“ напиша пејачката во описот на фотографијата додавајќи и насмеан емотикон.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Потсетуваме, Андријана од 2009 година е во брак со музичарот Драган Гиновски Гино, а круна на нивната љубов се сините Димитар и Кристијан.

Advertisement

Андријана и покрај своите бројни обврски, таа секогаш успева да најде време и за семејството и најблиските од кои воедно ја добива и нејзината најголема поддршка во животот. Пејачката заедно со сопругот своите деца ги учи да ги распознаваат вистинските вредности, но и да го осознаат и светот на музиката.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

На прашањето каква е Андријана како мајка и дали и нејзините деца ја сакаат музиката, таа во една пригода изјави:

„Ги учам да бидат љубезни, трпеливи, учтиви и да помагаат секому кому му треба помош. Ги учам да ја сакаат природата и животните, да не ја загадуваат околината, да кажат добар ден на постари, да се однесуваат простојно. Ги учам дека вистинската среќа не доаѓа од материјалните работи со кои располагаме, па така, кога ќе пораснат треба да бидат способни да ја распознаат вистинската вредност на нештата, а не нивната цена“, откри Андријана во едно интервју за Гламур магазин (интервјуто може да го прочитате тука).

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Таа тогаш откри и дека Димитар свири пијано кај проф. Бобан Мирковски, додека Кристијан свири виолина кај проф. Петар Поповски.

Бонус видео

Наум Петрески и Андријана Јаневска – Заветна

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button