Ако се’ уште размислувате што да подготвите за посната бадникова трпеза која ни е пред прагот, тогаш оваа година испробајте нешто ново и подгответе го овој вкусен рецепт.
Потребни состојки:
- 2 главици кромид
- 3 компири
- 7 пиперки
- Лук по вкус
- Сол, бибер, масло
Начин на подготовка: Исечкајте го кромидот и пржете го додека не зарумени. Додајте ги печените и исчистени пиперки, како и сечканиот лук, па ставете сол и бибер по ваша желба. Компирот сварете го, потоа излупете го и исечкајте го на кругчиња, па измешајте го со пиперките. Потоа, сета смеса ставете ја во огноотпорен сад и печете околу 15-20 минути на 200 степени.
Ви посакуваме убава вечер!
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .