Рецепти

Печен свински бут во зачини и сос – Џејми Оливер го носи највкусниот рецепт за новогодишната и божиќната трпеза

Реклама
Реклама

Кој, ако не главниот национален готвач на Велика Британија, знае какво јадење најубаво ќе ја украси новогодишната трпеза (за оние кои не постат) или божиќната трпеза?

Па, ајде да готвиме со Џејми Оливер!

Печен зачинет свински бут

фото-Инстаграм Џејми Оливер

1 свински бут (приближно 3 кг)

Маркетинг

6 главици кромид (исчистен, излупен)

2 лажици коријандер (или семе од коријандер, мелен кријандер)

Маркетинг

1 лажица црн пипер во зрна

6 нане лисја

маслиново масло

По едно китче жалфија и рузмарин (само лисјата)

1 лажица брашно

Големо китче магдонос (ситно исечкан)

1–2 лажици сенф

морска сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на највисока температура. На свинскиот бут направете резови со остар нож.

Кромидот пресечете го на половина, распоредете го на голема тава, а врз него ставете ја свинската нога. Доколку не е во зрна/прав, исечкајте го ситно коријандерот, додадете го црниот пипер и 2 лажички морска сол. Додајте ги листовите нане и повторно исечкајте и измешајте се заедно. Додајте  маслиново масло, за да се добие течна паста.

Убаво намачкајте го свинскиот бут со оваа смеса, внимавајќи да не пропуштите ниту еден рез.

Печете 35-40 минути — месото треба да добие крцкава кора. Потоа намалете ја температурата на рерната на 170°C и печете уште 3,5 часа. Готовото месо треба лесно да се одвои од коската.

Измешајте ги лисјата од жалфија и рузмарин со маслиново масло и прелеејте го свинскиот бут. Вратете го во рерната за да стане крцкаво. Извадете го бутот и пренесете го на даска за сечење заедно со кромидот. Покријте со фолија и оставете го настрана додека го подготвувате сосот.

Ставете ја тавата во која се печело месото на среден оган, додајте го брашното и добро мешајте со преостанатите сокови од месото додека не се формира густа паста.

Додајте малку вода за да добиете богат сос. Додајте го печениот кромид и измелете сè во блендер. Вратете го сосот во тавата, додајте ситно сечкан магдонос и сенф. Посолете, промешајте и послужете со печеното свинско.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button