Гламур интервју со Јован Кароски
Јован Кароски е млад талентиран и амбициозен шминкер и фризер кој во своето мејкап студио Кароски веќе 9 години ги разубавува жените од Македонија но и познати личности од регионот. По потекло е од Охрид а во моментов е еден од најбараните и најпопуларни стилисти кога станува збор за шминката и фризурата. Вели дека отсекогаш сакал да се занимава со оваа професија, бидејќи така може да ја изрази својата креативност а и да го најде својот мир. Многупати бил осудуван и омаловажуван, но тој цврсто застанува на свои нозе и го остварува својот сон . Што друго ни откри Јован, дознајте во продолжение…
Приватна архива
Прашање: Повеќе од девет години ги разубавувате жените од Македонија, како дојде до тоа да ја изберете оваа професија?
Како што и претходно сум изјавил, отсекогаш посакував и знаев дека мојата професија ќе биде професија во која што ќе може да ја изразувам својата креативност, а и онаму каде што ќе го најадам тој мир додека работам! Иако многупати бев осудуван, омаловажуван и деградиран цврсто застанав на свои нозе и успеав!
Прашање: Колку време беше потребно за да го развиете бизнисот на Вашето мејкап студио?
Со оглед на тоа што потекнувам од друг град во Македонија, Скопје беше голем залак за мене. Но не и проблем истиот добро да го совладам! Патот до успехот не е лесен, а НЕ посебно кога тоа го правиш САМ! Без никаков ветер во грб.. на 19 години.
Се сеќавам на моментите кога наместо скрипта за факултет купував палета сенки за да може да шминкам, се сеќавам и на многу други моменти кои ме челичеја и ме направија да бидам тоа што сум денес.. Како гласи народната „Добриот збор, железни врати отвора“ и „Добриот збор се слуша на далеку „ Е токму така беше и со мојот успех и развивање на мојот бизнис.
Прашање: Каде ја изучувавте Вашата професија?
Се започна од Средното Училиште во мојот роден Охрид на смерот Козметички Техничар. Во 2017 година ја имав и можноста да заминам во Италија во фризерска академија каде што имаше и што и да се научи.
Секако надоградување во Македонија и надвор од границите на истата.
Прашање: По што се издвојува Вашето студио од другите?
Па пред се нормално професионалноста, енергијата која што се оддава помеѓу мене и клиентите , искреноста и насмевката
Приватна архива
Прашање: Имавте чест да ги стилизирате некои од најголемите ѕвезди на Балканот, Неда Украден, Јелена Томашевиќ. Какво беше искуството, да ни кажете нешто повеќе за тоа?
Да сум имал повеќе успешни соработки со најголемите балкански ѕвезди! Неда Украден, Драгана Миркович, Јелена Томашевиќ, Сања Долежал Елма Синанович и многу други. Навистина голема е честа да се работи со нив, но исто така и голем предизвик, кога станува збор за личности кои поминале низ рацето на многу искусни мои колеги од соседните земји.
Тоа беше искуство кое посакувам да го доживее секој мој колега. На почетокот кога добив повик од нивните менаџери помислив дека е некоја шега… До вчера си ги гледал само на ТВ и интернет, и за момент пред твои очи и препуштени во твои раце.
Прашање: Во Македонија кој повеќе внимава на својот изглед? Мажите или жените?
Во Македонија жените често се сметаат за оние кои се повеќе фокусирани на мода, шминка и фризури. Сепак, и мажите во последните години се повеќе посветени на својот изглед, особено со растечката популарност на трендовите како што се модата и фитнесот.
Да, многу македонски жени ги следат светските модни трендови за шминка и фризура. Модата и трендовите во шминката и фризурата се динамични и се менуваат, па заедно со тоа се менуваат и вкусовите и стиловите на жените во Македонија.
Приватна архива
Прашање: Според вас кој од македонските јавни личности најмногу внимаваат на својот изглед и појава?
За жал не се многу, речиси и се бројат на прсти, би ги издвоил: Миа Костова, Елена Стојановска, Антонија Гиговска, Каролина Гочева, Влатко Лозановски…
Прашање: Каква одговорност чувствуваш додека ги шминкаш, како ќе ги нашминкаш и дали ќе си се допаднат?
Кога се работи за шминкање на некој, чувството на одговорност е многу големо, бидејќи шминката не е само физички процес, туку и начин на кој луѓето можат да се чувствуваат убаво, самоуверено и изразени. Како шминкер, важно е да се направи внимателен пристап, да се слушнат желбите на клиентот, но истовремено и да се има во предвид нивната индивидуалност и карактеристики. На пример, за некои луѓе тоа може да биде минималистички изглед, додека други сакаат по прогресивен и смел изглед.
Процесот на шминкање за мене е исто така креативен и интуитивен. Јас обично започнувам со анализа на типот на кожа, лице и форма на очи, па од тука ја одбирам техниката, боите и производите. Крајната цел ми е да создадам изглед кој ќе ги истакне природните убавини на лицето и ќе ги направи да се чувствуваат самоуверено.
Приватна архива
Прашање: Голем предизвик ти се и невестите и осмислувањето на нивниот изглед за еден од најубавите денови во нивниот живот. Како доаѓаш до финалниот изглед дали сам или по нивно барање?
За мене, процесот на создавање на совршен изглед за невестата е комбинација од лична креативност, искуство и интеракција со невестата. Важно е да се земат предвид нејзините желби, стил, фигура, како и видот на свадбата. Во почетната фаза, секогаш се консултирам со невестата за тоа што таа претпочита и какви се нејзините идеи за свадбената облека. Некои невести можат да имаат јасна визија за тоа што сакаат, додека други можеби се поотворени за предлози и инспирација.
Прашање: Јован, во 2023 се здоби и со една од најрепрезентативните награди кој ги доделува магазинот „Убавина и здравје“ – Influencer awards во категоријата „New Star Make up“. Што значи за тебе оваа награда?
За мене, оваа награда е големо признание и потврда на напорната работа, посветеноста и креативноста која ја вложувам во мојата работа како мејк-ап артист. Важно е да се знае дека не станува само збор за награда, туку и за мотивирачка сила која ми дава уште повеќе енергија да продолжам со создавање на нови, иновативни изгледи и да се развивам професионално. Ова признание од страна на „Убавина и здравје“ е и доказ дека мојот труд е виден од публиката и професионалната заедница.
Приватна архива
Прашање: Која е Вашиот цитат што Ве води низ секојдневието?
„Не е важно колку пати паѓаш, важно е колку пати стануваш.“ Овој цитат ми помогна да останам упорен и да се соочам со предизвиците со позитивен став.