Шопинг

Патиките што ни беа омилени во младоста и оваа сезона ќе бидат еден од водечките трендови

Advertisement

Нова колекција која настана во соработка со генијалниот Карл Лагерфелд

Advertisement

Култниот бренд Vans оваа есен одлучи да ни подготви вистинско изненадување. Имено, на 7 септември можеме да ја очекуваме нивната ексклузивна колекција која настана во соработка со генијалниот Карл Лагерфелд кој веќе со години не го менува својот препознатлив стил во кој владеат токму црната и белата боја. Малата „capsule“ колекција се состои од 6 модели на култните патики на познатиот бренд, како што се Sk8-Hi и Old Skool а сите модели ќе ја имаат интегрирано буквата К. Во понудата ќе биде и обична маица со слика од Лагерфилд, бомбер јакна и премиум кожен ранец, исто така со буквата К. Цената на парчињата од оваа капсулна колекција се движи од 40 до 300 долари, а премиерно ќе биде преставена на „Bread&Butter trade show- то“ во Берлин на почетокот на септември. Во продажба ќе се најде како во продавниците на Vans, така и вo интернационалните продавници на Kарл Лагерфелд, а за оние кои ги немаат во своја близина (како што сме ние на пример!) парчињата од Vans x Karl Lagerfeld ќе можат да ги најдат, односно порачаат преку интернет продавниците и на двата бренда.

Патики што секоја девојка сака да ги има во своите плакари >>

 

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button