На овие патики не можеше да им одолее ни Џесика Алба …
Последните неколку недели еден бренд на патики го привлече нашето внимание. Станува збор за брендот „Wize & Ope“ зад кој стои познатиот француски графички уметник Виктор Лузон. Тој го основаше брендот во 2008 година, а на светскиот пазар се проби пред три години со линија на луксузни часовници кои наскоро почнаа да ги носат и бројни познати личности, од реперот Лил Вејн, па се до ексцентричната Мајли Сајрус.
Брендот овој пат се враѓа со нов интересен производ. Станува збор за патики во различни бои чии ѓонови се осветлени со ЛЕД сијалички кои ја менуваат бојатра за време на носење. Се продаваат во пакет со полнач за батерии,а доколку сакате можете да ги исклулите светлата.
Се што треба да направите е да ја изберете вашата омилена боја и да го разбудите детето во вас додека светкате по улиците.