Патиките за невести се еден од последните трендови во светот на модата, а брендот „Kate Spade“ ни претстави неодоливи модели со ОК цена.
Многу девојки сонуваат својот „најубав ден во животот“ да го поминат совршено и да изгледаат прекрасно, а за некои единствениот проблем е целодневното парадирање во нелагодните високи потпетици. Но откако се појавија патиките за невести и овој проблем е решен, а познатите брендови нудат прекрасни и неодоливи решенија. Меѓу нив е и познатиот бренд „Kate Spade“ кој ни е познат по својот микс на гламур и симпатично , а нивната нова, фантастична линија со бели патики, зачинети со гламурозни детали како бисери, светки и цветни дезени, ќе израдуваат многу идни невести.
А најдобро од сé е што нивните цени и не се нешто пресолени – за еден ваков пар патики треба да издвоите од 80 до 100 долари.