Реклама
Модни совети

Овие патики беа популарни во поранешна Југославија, а некои од нив се уште ги носиме!

Реклама

Понекогаш некои патики што сме ги носеле во нашето детство кога би ги облекле сега, би делувале смешно …

Но постојат и модели на кои не им проаѓа модата!

Маркетинг

Дали сте знаеле дека првите обувки се направени некаде пред околу 40.000 години,  од кожа и дека најстариот примерок е пронајден во Ерменија? До 1790 година историјата на обувките поприлично се менувала, а тогаш во Лондон се измислени првите врвки и тоа засекогаш ќе го промени изгледот на обувките. Потоа во 1844 година „Goodyear“ го лансира патентот за вулканизација со кој „каучукот“ го претвора во гума и со тоа го отвора патот за производство на нови и поприлично поиздржливи ѓонови, а во 1858 Лајман Рид Блејк ја патентира машината која го спојува горниот дел на чевлите со ѓонот.

Маркетинг

Keds Sneakers

Првите патики кои наликуваат на денешните се направени во 1916 година кога корпорацијата „United States Rubber Company” ги преставува патиките „Keds“ и прв пат во историјата го користи изразот „sneakers“

 

Клучниот момент во настанокот и промената на стилот на патиките има фирмата „Converse“ и нивните модели кои се легендарни и безвременски.

Нивната историја започнува со младиот кошаркар Чак Тејлор кој работи во оваа компанија. Тој предлага неколку измени, вклучувајќи и тоа патиките да бидат подлабоки и да имаат подобра потпора за зглобовите.

Еве како се менува историјата на патиките низ декадите

1970 година беа актуелни патиките Starts кои беа направени во Југославија 

Популарните Starts патики ја преплавија цела Југославија во 70-тите. Беа популарни и згодни, па затоа сите ги носеа и на часови по физичко.

https://instagram.com/p/BBN2gjkMXtf/?utm_source=ig_embed

Беа достапни за сите, а изборот не беше преголем – ги имаше во розова, бела и црна варијанта. Од 2008 година овој бренд повторно станува присутен на балканскиот пазар, а од Хрватска се шири ниц цела Европа.

https://www.instagram.com/p/BCVqJGYyLU0/?utm_source=ig_embed

Денес овие модели се дизајнирани, уникатни и единствени, а интересно е и тоа што се уште се прават на стариот начин од пред 40 и повеќе години.

 

1980. Старки, Adidas Superstar и Nike Air Max 1, Adidas популарните Вимблдонки, Шангајки

Патиките Nike Air Max обележа повеќе декади во историјата на патиките. Тие се појавија во 80-тите, а покрај нив на улиците беа хит и Adidas Super Star и Старките. Старките всушност никогаш и не излегле од модата само имало периоди кога биле и кога не биле во прв план. Од друга страна кај нас се популарни и шангајките кои беа посебно интересни бидејќи беа достапни за сите слоеви на граѓаните па затоа ги купуваа сите, како една деценија порано старките. Долго време беа само два модели – длабоки и плитки во две бои – бела и црна. Личеа на старките само гумениот врв беше малку поразличен.

1990. Nike Air Max, Џорданки и Reebok Pump

 

2000. Puma Suede, Nike Air Force, Скејтерки (Vans, Globe),  Ribok Klasik, Najk Er Fors 

 

2010. Се враќаат Старките и Nike Air max

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button