Реклама
Модни совети

Фраери, еве како да ги носите вашите омилени патики во зима

Реклама

Претходната недела бевме на Водно и се изненадивме кога видовме еден фраер во кратки шорцеви и патики.

Не треба да ве потсетиме дека надвор имаше снег, нели?

Маркетинг

Како и да е, постојат многумина кои не сакаат да се откажат од своите омилени патики преку зима. И што треба да направат тие? Па најверојатно да ги следат овие три совети.

Па, ако сакате преку зима стапалата да ви бидат суви и топли, а притоа да не носиме гломазни зимски чевли, туку патики, еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа. Покрај тоа што вашите омилени патики во кои се чувствувате најудобно трева да бидат во темна боја (белите модели многу полесно се валкаат, особено преку зимскиот период) и што треба да имаат добра постава (најдобро е волнена), треба да внимавате и на следниве работи:

Маркетинг

#1 Избирајте длабоки патики

Плитките модели ќе ги изложат вашите зглобови на студ и вода (а тоа верувајте, не го сакате!), додека длабоките модели се многу подобра варијанта за овој период од годината.

#2 Треба да го изберете вистинскиот материјал

Платнените патики изгледаат сјајно, но дефинитивно не се предвидени за зимски услови. Наместо тоа, одлучете за длабок модел направени од водоотпорен материјал.

Патики кои ги обожаваат младите холивудски ѕвезди >>

#3 Носете подебели чорапи!

И секако, не заборавајте дека патиките се лизгаат многу повеќе од обичните чизми, а во Македонија снегот и не се чисти баш најредовно. Затоа најдобро е, ако сакате да останете на нозе, да отворите четири очи.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button