Единствената комбинација која мора да ја пробате ова лето!
Едноставните лежерни фустани ни се омилени во овој период од годината. Можеме да ги носиме преку цел ден и во нив да изгледаме средено, но и мошне модерно ако ги комбинираме на вистинскиот начин. Тука секако мислиме на комбинациите со патики и фустани кои им се омилени на многу девојки во последните неколку сезони (па ако се уште не сте пробале да ја фурате оваа комбинација, сега е вистинскиот момент да го направите тоа!). Од платнените патики фаворит ни се Converse и Vans, но и популарните Adidas и Nike модели. Што се однесува до фустаните оваа сезона дозволено е сé – од комбинации со кратки лелеави фустанчиња, па се до елегантни и долги модели со кои можеме да посигнете фантастични вечерни изданија.
види повеќе » |