Патиките adidas Originals Stan Smith на пазарот се од 60-тите години
Тие важат за први кожени патики наменети за тенисери. Беа први кои се појавија без заштитниот знак на брендот – трите странични линии. И наместо тоа тие имаат перфорирани линии, а нивното заштитно лице и човекот по кој се познати е тенисерот Стенли Роџер „Стен“ Смит .
Еве од каде да си купите убави проѕирни сандали кои ќе бидат хит ова лето >>
Овие патики веќе во 80-тите ги рушеа сите рекорди, а нивното повторно лансирање, односно реактивација на маркетиншкиот план за 2014 и нивното појавување на Модните недели беа доволни да се создаде стампедо за нив во продавниците.
Нивната популарност порасна како да се делат бесплатно и од тогаш манијата за нив не престанува, а покрај белите модели почнаа да се појавуваат и други бои, а меѓу нив и розовите кои исто така се мошне популарни.
Но да се вратиме на почетокот…
Во морето патики особено се истакнуваат едноставните и „clean“ верзии, а меѓу нив линијата Stan Smith Vintage. Посебна е по тоа што е направена од мека кожа па во самиот старт изгледаат како малку да се носени и многу се удобни. Ни доаѓаат во неколку различни бои и детали од превртена кожа – сива, беж, испрана розова и пеперминт зелена (голема е веројатноста да пронајдете и некои други нијанси). Покрај детаљот на петата, во иста боја ќе биде извезено и логото со лицето на Стен Смит на малку потенкиот проширен јазик, а ќе ги препознаете по златните букви со кои е испишано името „Stan Smith“ во внатрешноста на перфорираните црти.
Можете да ги купите од АСОС или преку страната Naked >>
Најубавите рамни сандали од пролетните колекции на познатите брендови >>