Реклама
MAMAРецепти

Паша локум: Турски специјалитет кој се прави многу полесно отколку што замислувате

Реклама

Овој традиционален турски есерт е идеален за оние кои сакаат кремасти колачи.

Потребни состојки:

  • 150 грама кокосово брашно
  • 1 литар млеко
  • 300 грама шеќер
  • 100 грама путер
  • 70 грама густин
  • 120 грама брашно
  • 4 лажички какао
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250 милилитри слатка павлака

Начин на подготовка: Во еден голем сад ставете кокосово брашно и распоредете го рамномерно. Во еден поголем сад ставете млеко и варете го на оган со средна јачина, а потоа додајте шеќер, путер, густин, брашно, какао и ванилин шеќер. Варете додека смесата не стане густа како пудинг, но постојано мештајте. Отстранете ја од шпоретот и ставете ја во садот каде што претходно нанесовте кокос. Додека турувате водете сметка смесата да ја прелиете што е можно повеќе до краевите, а потоа лесно размачкајте ја. Имајте на ум дека ако смесата ја нанесете само на средина на садот ќе ви биде тешко да ја развлечете кон краевите. Кога ќе ја распоредете смесата, оставете ја да се олади неколку часа. Во меѓувреме измешајте ја слатката павлака и ставете ја на смесата која претходно сте ја изладиле. Потоа со нож исечете ленти со ширина од околу четири до пет сантиметри, а потоа секоја лента пресечете ја на половина. Почнете од краевите да виткате во ролат, така што кокосот ќе остане од надворешната страна. Бидете многу нежни за да не ви се распадне кремастиот колач.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button