„Партизирана правда, мртва држава, мртва Росица“ – Фејсбук објава што гори по социјалните мрежи

По убиството на Росица и нејзиниот татко, случај кој ги потресе Велес и Македонија, познатиот адвокат Јанаки Митровски на својот Фејсбук-профил сподели личен и професионален осврт на случајот, упатувајќи критики кон правосудниот систем и институциите. Според него, фокусот не треба да биде само врз Обвинителството, туку врз целиот систем кој дозволува ваквите трагедии да се повторат.
„Илија го знам уште од средно, уметничко чинам учеше, возеше скејт, симпатичен дечко, го сакаа девојчиња. Сум седел повеќе пати, но не сум се дружел особено. Дел од другариве велат дека имал историјат на проблематично и насилно однесување со девојки, што не можам лично да го потврдам“, пишува Митровски.
Тој потенцира дека многу поважно од тоа кој бил Илија е прашањето што требало или сè уште треба да се направи за вакви случаи да не се повторуваат, истакнувајќи дека ваквите трагедии се резултат на партизираната правда, која за жал создава „мртва“ и нефункционална држава.
Митровски смета дека постојат сериозни недостатоци во Законот за кривична постапка, бидејќи за делата кои му се ставале на товар на сторителот, законот предвидува скратена постапка и можност за притвор само доколку постои опасност од бегство, а не и од повторување на делото. Според него, токму поради тоа, е потребна итна законска измена која би овозможила притвор и во случаи кога постои реална закана за повторување на насилството.
„Во тој случај Илија со гарант би бил во притвор, а Росица безбедна“, нагласува Митровски.
Во заклучокот од својот статус, адвокатот изразува сочувство до блиските на жртвата, но и гнев кон оние што, според него, го релативизираат убиството – „Росица нека почива во мир, а пар психопати што го правдаат сторителот ќе горат во пеколот.“
Покрај Митровски и други наши познати лица се огласија за свирепото убиство. Една од нив е и Миа Костова.
Еве што напиша таа на фејсбук.
„Хорор… Вистински хорор.
Сум пријавувала неколку пати, не насилници ама непознати и познати кои ми се заканувале и по пораки и по инбокси, затоа што не се сложувале со моето мислење. Колата ми ја запалија – никој до ден денес не ме побарал ниту нешто се преземало. До ден денес ги памтам полицајците и крим техника како ме тргаа на страна со бебе во рака и ми викаа ‘ајде признај си каде должиш, што си направила?’ Јас кај глеам пола кола чури, таму не ми се верува дека полицијата дојде да ме набеди и да заврши работа. И така си остана тоа до ден денес. Случајот е затворен со ‘можда грешна кола’ можда пироман 😳 Не беше ни едното ни другото.
Друго, дечково гратски лик, наводно… Чудно е што никој и не алармира а денес коментарите од оние што го знаат биле ‘јеботе, се очекуваше, малце беше луд’ Малце? Малце тепал жени… малце чуден. Малце поише пријави…
После ова, промена на закони. Да нема опција за ‘забрана за приближување’ Па психопат ако може да се носи со неприближување нема да е психопат.
Пријава,насилство,закани-притвор. Па нервирај се од таму и објаснувај се дали е твоја или не.
Се прашувам судија кој треба да изрече мерка ако е ќерка му баш Росица, дали сѐ исто ќе идеше по овој редослед. Јас мислам не.
Јас би да имплементираме закони кои не постојат, со сечење раце, нозе, уши, јазик, муда на педофили, кастрации… Па можда ќе размислат следен пат кога ќе се качат во кола пијани, ќе силуваат или ќе тепаат.
Ама коа ќе размилсам подобро, вас и тоа нема да ви чини.“