Парфеми

La Vie Est Belle – парфемот што ги освои женските срца ширум светот

Advertisement

 

Повторен УСПЕХ – овој пат со поголем интензитет

Advertisement

Последениот парфем на Lancôme во многу кратко време – за помалку од три години, целосно ги освои женските срца ширум светот.

Денеска, тој е третиот најпродаван парфем во светот, втор најпродаван во Европа  и прв во Франција. La Vie Est Belle (во превод – животот е убав!) денес го ужива култниот  статус на модерна класика. Неговиот рецепт за успех се чини очигледен: позитивната порака на среќа изразена на универзален начин, со кој секоја жена може лесно да се поистовети. Легендарното шишенце ја одразува карактеристичната насмевка како вистински симбол на радост.

Доминик Ропион и Ана Флипо, креаторите на оригиналниот мирис La Vie Est Belle и сите негови верзии, размислуваа и ја креираа и новата верзија, притоа, на префинетиот вкусен ирис во овогодинешната Intense верзија на парфемот, му ги додадоа интригантниот цвет од тубероза и раскошниот лешник, а се со цел да вклучат нови, сензуални акценти. Во горните ноти се наоѓа исклучително свежото трио составено од бергамот, портокал и круша, збогатени со ноти на  горчливи овошни тонови од црна рибизла. Розовиот бибер е неочекуван додаток кој обезбедува еден допир на сјај од радост.

{youtube}pUhSpbiMv10{/youtube}

На крајот, L’Eau de Parfum Intense, е цветен мирис. Топол и нежен на допир. Тој е одраз на неодолива мешавина од софистицираност, елеганција и женственост, создадени за едно ново толкување на белегот кој го создава La Vie Est Belle мирисот.

Заштитно лице и муза на парфемот е Џулија Робертс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button