Миди здолниште
Кога ќе ви здодее од фармерки секогаш можете да направите промена и да облечете здолниште. Оваа пролет изберете здолниште со средна должина кое ќе внесе женственост и ќе ја истакне вашата силуета – имате различни модели на располагање, од здолништа на преклоп до здолништа со молив крој.
Пачворк фармерки
Овој ретро тренд е дефинитивно одличен избор за вашите релаксирани викенд комбинации. Притоа, обидете се ваквите парчиња да ги комбинирате со едноставни и класични парчиња кои ја следат линијата на телото и не се истакнуваат.
Незавршени рабови
Парчињата со незавршени рабови или непорабените парчиња се најуниверзални модели од сите наведени на листата. Вакви рабови најчесто можат да се забележат на тесни фармерки или фармерки со рамни ногавици, но сепак тие немаат граници и оваа пролет се насекаде – од непорабени манжетни до карнери!
Новото тексасно палто
Од мантили со средна должина до непорабени долги мантили, палта со принт и украсени бомбер јакни, новите модели на пролетните јакни дефинитивно ќе го променат вашиот изглед.