Папучите се еден од водечките трендови за пролетната и летната сезона како во светот, така и кај нас во Македонија.
Новиот тренд го фура и една од нашите најпознати ТВ водителки, Лила Филиповска, која во своите хит папучи се прошета низ Скопје. Таа неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија на која е облечена идентично со нејзиниот син.
Можеби не ви се допаѓаат, но тие се едни од најпопуларните обувки за оваа сезона >>
Но она што најмногу ни се допадна во нејзината опуштена „all black“ комбинација секако се нејзините нови „влакнести“ папучи.
Лила изгледаше прекрасно и кога ги носеше во комбинација со тесна маица и црно сако. Таа со нејзината високо подигната пунџа и елегантна шминка како контраст со која го заокружи стајлингот повторно заслужи висока оценка за нејзиниот изглед.
https://www.instagram.com/p/BTM7kGrgMTT/
Па, што мислите за новите папучи на Лила?