Папучки со крзно што ги „газат“ луксузните модни марки, за само 459 денари – ги најдовме во оваа продавница, преслатки се и претопли!
Топли и удобни папучи налик на популарните UGG, но по цена што никој не ја очекуваше!

Зимата навистина пристигна штом почнуваме низ продавниците да бараме дебели фенси чорапи и топли а стилизирани папучи. Без разлика дали сте зиморливи или не, едно е сигурно – сите сакаме топли, меки и удобни домашни папучи кои ќе ги стоплат стапалата после долгиот ден „на нозе“.
И додека армијата обожаватели на UGG моделите се колне во нивниот квалитет, цената е често пречка за многумина.
Но оваа сезона пристигна вистинско изненадување: во Sinsay се појавија папучки кои изгледаат речиси идентично како скапиот UGG модел, а чинат само 459 денари.

UGG – бренд што постави стандарди
UGG одамна го освои светот со своите топли чизми, а подоцна и со крзнените модели за дома. Нивните Scuffette папучи се меѓу најпосакуваните „slip-on“ дизајн, комбинација од вистинска велур кожа и исклучително топла овча волна, со издржлив гумен ѓон.
Цената? Околу 100 евра, во зависност од продавницата, што е премногу за папучи, ќе се согласат многумина. Но оние кои ги имаат велат дека вредат секој денар.

Sinsay одговори со многу сличен модел, а за смешна цена.
Достапни се како двоброј (на пр. 36/37), а разликата, секако, е во материјалите, тука се користат синтетички материјали наместо природна волна или кожа. Но затоа цената е повеќе од привлечна.
Инаку, може да одберете беж нијанса, но и прекрасна розова нијанса или сива.

За оние што сакаат да пробаат нешто слично на UGG, без да потрошат цело богатство, Sinsay моделот е полн погодок.




