Папаз затекна хит сцена кога влезе кај бебенцата – најслаткото нешто што ќе го видите денес
Папаз ужива со своите близначиња

Погледнете го слаткиот момент во домот на музичарот
Нашиот познат музичар ги сними своите дечиња како си играат по дома, па со фотографијата што ја сподели сите ги воодушеви.
Во домот на Горан Папаз и неговата сопруга Наташа никогаш не е досадно, а за тоа сведочи и фотографијата што ја сподели.
Тој ги сними своите три бебиња како ползат и си играат во дневниот престој, па во описот на фотографијата напиша: „Татини“.
На фотографијата се гледа како бебињата си играат на подот, со мечиња на сите страни, но и со насмевка му позираат на тате.
Под фотографијата следуваа бројни коментари „Секогаш весело со нив“, „Преслатки се. Машала, машала“, „Богатство“…
Како оваа весела тајфа изгледаше, погледнете во продолжение:
Потсетуваме, Горан и Наташа во јули оваа година прославија три години брак, а само неколку месеци претходно, односно во декември 2024 година, им се родија три близначиња Лазар, Лена и Луна.
Сите три си добија име на буквата „л“, а Папаз има син и од претходниот брак кој ужива да си игра со своето братче и сестричките.
Мали победници
Многумина се сеќаваат и на веста кога Папаз откри дека очекува тројка, и тоа со објава на која е бремената сопруга со фотографија од ултразвукот, па музичарот во шега тогаш напиша:
„Конечно го решив проблемот со барање музичари за бенд“, се пошегува Папаз тогаш, додавајќи дека шансите за природна тројка биле 1 од 10.000, но тој и сопругата победиле, па покажа како изгледа :
„Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше“, напиша тогаш Папаз во описот на фотографиите што ги сподели.
Потсетуваме, Горан и неговата сопруга, адвокатката Наташа Атанасовска, се венчаа во 2022 година, а покрај тројката познатиот саксофонист од претходниот брак го има и синот Дамјан.
Повеќе фотографии од ова весело семејство погледнете тука.