Панталоните што ги носи нашата ПОЗНАТА ВОДИТЕЛКА се апсолутен хит – не сте ја виделе во вакво издание
Металик повторно е ИН

Водителката воодушеви со ова свое металик издание
Познатата водителка Ирена Спировска често знае да не изненади со своите шик модни комбинации што ги носи.
И во зависност од пригодата може да ја видиме во најразлични изданија, од оние максимално елегантни, па се до неверојатно шик и моќни комбинации со кои прекрасната водителка блеска како холивудските диви, но истовремено инспирира и многу наши дами.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Впрочем тоа слободно може да го кажеме и за ова нејзино издание со кое Ирена ги воодушеви сите уште на прв поглед.
Тоа може да се заклучи и од коментарите, а меѓу првите ова прекрасно издание го пофали колешката Лила Филиповска.
Инстаграм/ Ирена Спировска
„Топ и ти и моделот“ напиша Лила во коментарите.
Во прашање е сребрен комплет составен од панталони и сако направени од светкав материјал во впечатлива металик нијанса.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Сакото е долго, а убавата водителка го носеше закопано и со тесна црна маичка под него, додека панталоните сошиени од истиот екстравагантен материја, со широки ногавици во долниот дел.
Овој тренд го прославија пред сите сестрите Кардашијан, а на истиот не можеше да му одолеат ни Џенифер Лопез и Бијонсе.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Имено, ваквите металик панталони веќе одамна не се резервирани само за сцена или модна писта, но секоја девојка што ќе ги облече во нив ќе се чувствува како вистинска ѕвезда, посебно ако знае да ги носи.
Водителката ни покажа еден моќен начин како се прави тоа, а уште неколку металик модели, погледнете во продолжение…
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram