Mојата љубов кон ригите е без граници! Едноставно, ги сакам сите парчиња кои се со риги и можам да поминам часови пред огледалото гледајќи се себеси кога ќе облечам некое вакво парче.
Но, познавам многу луѓе кои се плашат да облечат било што со риги, плашејќи се ригите да не ги направат пошироки или подебели од она што се! Верувајте, решението не е во тоа да не ги носите овие преубави модели, туку едноставно да ги пронајдете вистинските риги за вас.
Да, постојат совршени риги за секоја девојка!
Еве на пример Роузи Хантингтон Вајтли е совршен пример за тоа како треба да се носат риги. Да, таа е супер модел и може да носи што ќе посака, но нејзините вертикални линии се паметен избор од кој секоја жена може да има корист. Едноставно, вертикалните линии го издолжуваат телото и креираат слика со долга линија од глава до пети.
Сепак, доколку не сакате да носите линии на панталони, погледнете ја нашата галерија на крајот од овој текст каде ќе најдете и многу други комбинации со овој тренд.
А еве како и стојат ригите на еден од најпознатите македонски авангардни модели Марта Девелиш …
супер комбинации како да носите риги » |