Реклама
Модни совети

Панталони кои се враќаат во мода!

Реклама

Доколку имате ѕвонарки заборавени некаде низ плакарите, сега е вистинското време да ги извадите, бидејќи се враќаат на голема врата.

Новата сезона за пролет/лето 2015 ни донесе многу нови трендови. Еден од нив се и ултра тренди панталони со широки ногавици кои ги красеа најголемите ревии за оваа сезона. Во најразлични бои, со висок струк или ниски, овој модел на панталони можете да го носите со сé – туника, кошула, блуза, но и со сако.

Маркетинг

Познатата дизајнерка Донатела Версаче на својата ревија во Париз носеше еден ваков модел – трапез панталони  со риги. Овој класичен комплет е елегантна, шик и идеална комбинација за деловни жени.

Маркетинг

Панталоните ѕвонарки имаат моќ совршено да ги истакнат облините, но и да ги сокријат недостатоците. Можете да ги носите во различни дневни и вечерни варијанти. Можете да ги збогатите со интересен и драматичен горен дел и шпиц салонки и сандали со екстремно високи потпетици.

ФАРМЕРKИ ЅВОНАРKИ

Покрај широките панталони, годинава, од Викторија Бекам, па се до Никол Ричи и илјадници блогерки ширум светот, сите беа инспирирани и од фармерките ѕвонарки. Тоа е доволен знак кој ни кажува дека треба да ги оставиме „skinny“ моделите да се одморат малце во плакарите.

Но, поентата е во тоа што овие модели не се баш толку едноставни за носење како што беше случајот со skinny фармерките. За да добиете совршен изглед, треба да ги комбинирате со високи потпетици, но нема да се покаете ако пробате! На крајот ќе добиете визуелно издолжени нозе како никогаш досега.

Овие фармерки можете да ги комбинирате со бела кошула ставена во фармерките и блејзер, со оверсајз плетен џемпер и чанта, или во блуза со риги и капут во пудра или некоја друга пролетна боја. Погледнете!

Доколку сакате смелите комбинации, ви препорачуваме да пробате и со џинс кошула бидејќи оваа година трендот „тексас со тексас“ е апсолутен хит.

Погледнете ги најубавите модели на овие фармерки од продавниците за улична мода Манго, Зара и Асос .

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button