Овие панталони се опасни по живот!
Можеме само да ги замислиме погледите на нашите комшии и сограѓани ако случајно се прошетаме во еден пар вакви панталони низ центарот на Скопје. Да, тие се еден од водечките трендови во светот, но Скопје па и другите градови во Македонија не се баш најпогодни за девојки што сакаат да експериментираат со најоткачените трендови. Штом ќе се појавите на улица, а не се вклопувате во толпата, некои би можеле да ве гледаат како луди. Или со потсмев! Оние постарите најверојатно ќе се прекрстат, а ако случајно решите да се облечете во винил панталони кои повеќето наши сограѓани ги виделе само во филмовите за возрасни како ги носат домино дами, ќе ви треба храброст и голема доза на самодоверба. Но, тие одамна се меинстрим и веќе неколку сезони се вистински хит, па ако ги сакате, ние ви ја даваме целата наша поддршка да скокнете во нив и да бидете во центарот на вниманието.
Сепак пред да кажете „кој ги шиша сите“, погледнете и инспирирајте се од овие неколку одлични примери од најпознатите ИТ девојки …
види повеќе » |