Новости

Паника во „Ѕвездите на Гранд“ – среде снимање се случи нешто неочекувано, Кеба ја смируваше ситуацијата

Неочекуван инцидент на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ – Кеба ја спаси ситуацијата со песна!

Advertisement

За време на снимањето на новата епизода на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, настана непредвидена ситуација.

Имено, одеднаш снема струја, што предизвика паника и во публиката и кај жирито.

Advertisement
принтскрин инстаграм

Во мракот, присутните брзо ги вклучија блицовите на телефоните за да го осветлат студиото, а кога сфатија што се случило, Драган Којиќ Кеба одлучи да ја смири атмосферата на свој начин – со песна.

„Ајде, сите да пееме!“ – повика Кеба и запеа еден од своите хитови, а публиката веднаш му се придружи.

принтскрин инстаграм

Овој момент го забележа и водителката Ана Севиќ, која снимката ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Advertisement

„Кога ќе снема струја за време на снимање, Кеба држи концерт!“, напиша таа, додавајќи емотикон кој плаче од смеа.

Во моментот кога снемало струја, натпреварувачи биле на сцената, жирито го следело настапот, а целото студио одеднаш потонало во мрак. Реакцијата била инстантна – телефоните ги замениле рефлекторите, а непредвидената ситуација набрзо се претворила во импровизиран концерт.

принтскрин инстаграм

Инаку, Драган Којиќ Кеба моментално ја заменува Вики Миљковиќ во жирито, бидејќи таа се повлече поради трагичен семеен настан – смртта на нејзиниот брат Владица Миљковиќ, кој почина на 47-годишна возраст.

Гламур.мк, претходно пишуваше за скандалот кој се случи во „Ѕвездите на Гранд“ кога пејачот од Македонија го напушти студиото пред очите на сите, зашто бил разочаран од жирито.

принтскрин

Непријатните сцени што тогаш се случија и денес се вирални и често се вртат на социјалните мрежи, а многумина беа во шок кога жирито така реагираше, што предизвика и разочарување кај бројни гледачи.

принтскрин

Станува збор за пејачот од Велес, Александар Tемелков кој се прослави во ова популарно шоу, но на крајот го напушти разочарано.

Имено, младиот велешанец кој со години претходно се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ беше потполно депримиран кога по неговиот настап виде дека не добил ниту еден глас од претставниците на жирито.

Тој најпрво мислеше дека се шегуваат, но кога видеа дека навистина го оставиле без гласови реши да го напушти шоуто.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button